Достапни линкови

logo-print

Ако врата е затворена, влезете преку прозорец


Според експертите и меѓународната заедница, клучно е Македонија да продолжи со реформите без оглед на процесот на пристапување во ЕУ и НАТО.

Спорот со името со соседна Грција не е единствената пречка на Македонија во евроатланските интеграции, се согласуваат политиколозите
Имаме една изрека во Полска. Ако вратите се затворени, влезете преку прозорец. Мислам дека некои работи не треба да бидат во заложништво на спорот за името.

и претставници на меѓународната заедница. Амбасадорот на Полска, земјата претседавач со Европската унија, Карол Бахура, вели дека и покрај нерешениот спор, не треба да се престане со реформите

„Имаме една изрека во Полска. Ако вратите се затворени, влезете преку прозорец. Мислам дека некои работи не треба да бидат во заложништво на спорот за името. Постојат одредени реформи кои треба да се спроведат без оглед на тоа дали сакате да бидете членка на ЕУ и НАТО.“

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, Бахура вели дека Македонија секако треба да ги спроведе реформите.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен во посета на Македонија во 2010 година.

„Македонија е дел од европскиот континент. Сметам дека реформите во судството, јавната администрација и политичкиот дијалог треба да продолжат.“

Од аспект на реформи во судството, администрацијата медиумите и слично, дури се забележува и уназадување, смета политикологот Мерсел Биљали.

„Сите анализи покажуваат дека не покажуваме прогрес во клучните елементи, судството, медиумите, администрацијата, дури покажуваме
Сметаме дека реформите во судството, јавната администрација и политичкиот дијалог треба да продолжат.
назадување. Но, од политички причини, меѓународната заедница е подготвена да ни прогледа низ прсти ако го решиме спорот за името.“

Македонија треба да ги прилагоди законите и подзаконските акти согласно препораките на европската унија, вели Стојадиновиќ и дополнува:

„И Македонија да има цврста основа во моментот кога ќе дојде значи сите услови на ЕУ и НАТО да се исполнети и да има основи да бара полноправно членство.“
XS
SM
MD
LG