Достапни линкови

По 168 години, во недела излегува последното издание на британскиот најпродаван таблоид. Се затвора поради аферата прислушкување.

Британскиот Премиер, Дејвид Камерон, денеска повика на целосна јавна истрага за скандалот кој доведе до затворање на најпродаваниот весник во
Витално е печатот да е слободен. Тоа е есенцијално за нашата демократија и за нашите животи. Но тоа не значи дека печатот е над законите.
Велика Британија, таблоидот „Њуз оф д ворлд“.

Камерон, зборувајќи на прес-конференција, изјави дека станува збор за гнасен скандал кој покажува дека британската медиумска законска регулатива не функционира

„Витално е печатот да е слободен. Тоа е есенцијално за нашата демократија и за нашите животи. Но тоа не значи дека печатот е над законите“, изјави Камерун.

Британскиот премиер Дејвид Камерон

Таблоидот „Њуз оф д ворлд“,.кој се печати 168 години, своето последно издание ќе го доживее во недела. Одлуката за затворање ја донел синот на Руперт Мардок, Џејмс Мардок, кој го предводи европскиот дел од корпорацијата. Мардок рече дека одлуката за затворање на весникот дошла по консултациите со „постарите колеги.“

Таблоидот веќе призна дека ги прислушкувал телефоните на политичарите, познати личности, и кралски помошници, како и телефони на убиени девојки и загинати војници и дека и плаќал на полицијата за приказните.

Скандалот допринесе голем број на компании да ги повлечат своите реклами.

Мардок, рече дека парите од последниот број ќе одат во добротворни цели.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG