Достапни линкови

Кипар не е пред банкрот, тврди министерот за финансии Ставракис


Кипар

Кипар

Кипарскиот министер за финансии, Харилаос Ставракис, ги демантираше тврдењата во печатот дека островската држава ќе прибегне кон механизмот за поддршка на Европската унија поради финансиските проблеми во кои се соочува. Според Ставракис, финансиските потреби на Кипар за оваа година се 150 милиони евра, од кои 60 милиони биле покриени минатата недела со кредит од руска банка. Кипар, рече Ставракис, следната година ќе има потреба од 2,4 милијарди евра.
Тој нагласи дека 61 процент од тие потреби ќе се покријат со средства од кипарски банки и полудржавни организации, кои се очекува да учествуваат во новите емисии на хартии од вредност и да го рефинансираат долгот.
XS
SM
MD
LG