Достапни линкови

Македонците во Албанија не веруваат во реален попис


Опозиционите социјалисти не присуствуваа на носењето на Законот за Попис

Опозиционите социјалисти не присуствуваа на носењето на Законот за Попис

Албанскиот Парламент го изгласа Законот за попис на населенито и домаќинствата, кој ќе се спроведе во октовмри.
без присуство на опозициските социјалисти, кои ја бојкотираат работата поради случувањата со изборите на градоначалник на Тирана. Граѓаните на Албанија ќе може слободно да ја искажат нивната етничка и верска припадност и мајчиниот јазик, објасни претседателот на Државната пописна комисија, Гец Поло.
Претставниците на Македонците во Албанија велат дека од политички аспект гледано било добро што конечно Законот е донесен, но оти ни тие ни претставниците на другите малцинства не веруваат во неговото реално спроведување, јави МИА. Тоа е поради заплашувањето и притисоците кои се уште се присутни во Албанија од инситуциите, од полиитчките партии и некои невладини организаци, изјави Васил Стерјовски од македонската партија.
XS
SM
MD
LG