Достапни линкови

Во Вашингтон зборуваат за должнички плафон, во Брисел за должнички амбис. Но, во основа, проблемот е ист, пишува весникот Фајненшал тајмс. И Соединетите Држави и Европската унија имаат јавни финансиии кои се надвор од контрола и политички системи кои не се функционални за да го решат проблемот. Америка и Европа се во истиот брод што тоне.

На двете страни на Атлантикот сега е јасно дека економскиот пораст во предкризните години беше резултат на опасниот кредитен бум.

Во Соединетите Држави, сопствениците на куќи беа во центарот на кризата, во Европа цели држави како на пример Грција и Италија ги користеа ниските каматни стапки за неодржливо позајмување.

Во Европа и во Соединетите Држави, економската криза ги поларизира политичарите што пак, им го отежна патот да најдат рационални решенија за должничкиот проблем.


Во тренд се популистичките движења, без оглед дали станува збор за американската Чајанка, или за европската Вистински Финци.

Идејата дека Европа и Соединетите Држави се две лица на истата криза беше потиснувана, бидејќи многу години елитите на двете страни на Атлантикот ги нагласуваа разликите меѓу европскиот социјален и американскиот модел на флексибилен пазар на трудот.

Она за што двете страни се согласуваа беше убедувањето дека економски, политички и стратегиски, Соединетите Држави и Европа беа различни
Идејата дека Европа и Соедиентите Држави се две лица на истата криза беше потиснувана, бидејќи многу години елитите на двете страни на Атлантикот ги нагласуваа разликите меѓу европскиот социјален и американскиот модел на флексибилен пазар на трудот.
планети, „Марс и Венера“, како што вели американскиот академик Роберт Кеган.

Обвинувањата дека Барак Обама увезува европски социјализам често се користи за да се обои претседателот како неамарикански. Некои од левицата на Европа гледаат како на место каде што некои работи се подобри, на пример здравството.

Сепак, сличностите меѓу двата региона сега се поударни отколку разликите. Заеднички точки станаа растечкиот долг, слабата економија, стравувањето за иднината, политичкиот метеж.

Американската битка за контрола на трошоците за социјална заштита и здравство добро им е позната на европските лидери кои исто така се борат за кратење на трошоците за пензии и за здравство.


Многу Европјани веруваат дека американските политичари имаат голема предност, бидејќи оперираат во вистински федерален систем и оти токму тоа е лекот за стабилизирање на еврото.

Но, во овој момент изгледа дека американската политика е понефункционална од европската. Фиксирани врз нивните сопствени проблеми и разлики, Американците и Европјаните не можат да ги најдат врските меѓу нивните кризи.

Аналитичарите сепак, во остатокот од светот сепак забележуваат друг тренд. Имено, меѓу кинеските лидери и интелектуалци сега е стандарна практиката да им сугерираат на западњаците, со оглед на нивните политички и економски проблеми, да престанат да и држат лекции на Кина, заклучува Фајненшал тајмс.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG