Достапни линкови

logo-print

Македонија и Хрватска со Договор за екстрадиција


Нема веќе вадење на двојно државјанство со Хрватска.

Нема веќе вадење на двојно државјанство со Хрватска.

Македонија и Хрватска денеска треба да го парафираат текстот на Договорот за екстрадиција, информираат од Министерството за правда. Со измените на Уставот се создаде правен основ за потпишување билатерални договори за екстрадиција на државјаните на државите потписнички, за кривични дела од организираниот криминал и корупцијата. Со тоа ќе се оневозможи злоупотреба на двојното државјанство за одбегнување на казнено гонење.
На парафирањето на текстот на Договорот му претходеа неколку средби на експертско ниво, на кои интензивно се работеше на изготвување на билатералниот договор.
XS
SM
MD
LG