Достапни линкови

Самоубиствата во Европа во пораст поради кризата


Нема пари, нема живот.

Нема пари, нема живот.

Бројот на самоубиства во Европа нагло се зголемил во периодот од 2007 до 2009 година, откако поради финансиската криза се зголеми невработеноста и се намалија платите, покажува научната анализа објавена во Лансет џурнал. Истражувањето опфаќа 10 земји – Австрија, Велика Британија, Финска, Грција, Ирска, Холандија, Чешка, Унгарија, Латвија и Романија. Само во Австрија, во 2009 имало помалку самоубиства отколку во 2007. Во сите останати земји бројот на самоубиства е зголемен за најмалку 5 проценти.
XS
SM
MD
LG