Достапни линкови

Сирија ги обвини САД за мешање во внатрешните работи


Aнтивладините протести во градот Хама на 1 јули 2011 година.

Aнтивладините протести во градот Хама на 1 јули 2011 година.

Сирија ги обвини САД за мешање во внатрешните работи, откако американскиот амбасадор Роберт Форд го посети градот Хама за да им даде поддршка на демонстрантите кои протестираат против режимот на претседателот Башар ал-Асад. Форд се сретнал со најмалку десетина демонстранти. Сирија ги обвини Соединетите Држави дека го испратиле амбасадорот во Хама без дозвола од властите во Дамаск. Хама е најновата цел на властите. По опсадата на градот, тие спроведуваат остри мерки против демонстрантите кои бараат демократски реформи.

Речиси истовремено, генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун апелираше до Сирија да им овозможи на хуманитарните работници на ОН да ги оценат потребите на цивилите загрозени од насилствата што избувнаа по антивладините протести. Сирија ги спречува ОН и независните медиуми да дојдат во внатрешноста на земјата и затоа е тешко да се утври точната ситуација.
XS
SM
MD
LG