Достапни линкови

Повеќе од 400 уапсени на протести во Белорусија


Најмалку 400 луѓе се уапсени во Белорусија поради учество во
опозициските протести на улиците во Минск и во неколку други градови низ земјата, соопштуваат активисти за заштита на човековите права. Според организацијата за заштита на човековите права „Виесна“, 180 демностранти биле уапсени во Минск, а останатите во другите градови во Белорусија. На протестите присуствувале илјадници луѓе кои се организирале преку социјалните мрежи.

Претседателот Александар Лукашенко ги нарече своите опоненти „крастава толпа“ и „непријатели на народот“ и им понуди да ги испорача на Запад.

Во меѓувреме, американскиот Претставнички дом одобри предлог-закон за поддршка на демократијата и човековите права во Белорусија. Со одобрениот акт, меѓу другото, се бара ослободување на сите политички затвореници кои се уапсени затоа што протестирале.

Дописникот на РСЕ Олег Хрушџилович беше меѓу затворените и тој тоа го искористи за разговор со неговите сопатници во полициското комбе.

XS
SM
MD
LG