Достапни линкови

САД- закон за демократија и човекови права во Белорусија


Уапсен демонстрант

Уапсен демонстрант

Американскиот Претставнички дом одобри предлог-закон за поддршка на демократијата и човековите права во Белорусија. Со одобрениот акт ,се бара ослободување на сите политички затвореници кои беа уапсени по декемвриските протести против реизборот на Александар Лукашенко за претседател Нацрт-законот предвидува проширување на постоечките санкции против Минск, односно да се воведат забрани за патување и за членовите на безбедносните служби кои учествуваа во неодамнешните мерки за сузбивање на протестите.Се бара и да се обезбедат повеќе детали за продажбата на оружје во Минск и за цензурата на интернетот. Се повикува на континуирана поддршка на медиумите во земјата кои известуваат за состојбата. За законот да стапи на сила, мора да биде одобрен од Сенатот.
XS
SM
MD
LG