Достапни линкови

Во сила измените на Законот за извршување


Од 1 јули стапија на сила измените на Законот за извршување, со кои се предвидува префрлање на илајдници заглавени судски предмети во рацете на извршителите. Основа за извршување веќе може да биде и решение донесено од нотар.

Ова се однесува на најголем број граѓани кои во изминатите години биле тужени за неплатени сметки за струја телефон, вода, парно и слично. Проблемот особено ги засега посиромашните граѓани. Движењето за социјална правда Ленка, кое вклучува тим правници, посочува дека постојат недоследнсоти во измените. Димитар Апасиев од движењето Ленка вели дека правото на присилена наплата стекнато пред 1-ви јули 2008 е застарено. Поради ова, тие ги повикуваат сите оние кои биле тужени за вакво побарување да поднесат приговори до основните судови каде се води предметот.

„Тука има два битни моменти. Првата е да се воведе максимална камата, според сегашните прописи можно е каматата да е поголема од главниот долг, па имаме случаи пензионери кои земаат пензија од шест илјади денари на крајот да треба да платат 20 илјади со трошоци за извршители.“
Според сегашните прописи можно е каматата да е поголема од главниот долг, па имаме случаи пензионери кои земаат пензија од шест илјади денари на крајот да треба да платат 20 илјади со трошоци за извршители.

Засега граѓаните правно не се упатени во измените, но дел од нив сметаат дека ќе ги погодат граѓаните кои се наоѓаат во навистина тешка материјална положба.

„Значи ако одиш на бензинска мора да платиш, секаде давачките се даваат. Не знам за извршител, ама сметките треба да се плаќаат.“

„Криза, нема пари, инаку сметките мора да се платат.“

Од ЕВН информираат дека сите предмети кои се извршни се предадени на извршителите, а оние кои не се правосилни се кај нотарите. Атанас Ковачевски повтори дека компанијата им дала можност на корисниците во неколку наврати пред стартот на законот да да избегнат несакани ситуации каде ќе треба да се плати и услугата на извршителот.

„Дадовме можности да ги платат долговите на рати. Во една кампања ги простивме и трошоците за камата за задоцнето плаќање. Сите можни начини за да помогнеме на нашите корисници ги направивме.“

Од Движењето за социјална правда, пак, највуваат дека во блиска иднина за забележаниот правен проблем во постојните измнени нивниот правен тим итно ќе ги извести најповиканите институции како Министерството за правда, Нотарската комора и Комората на извршители.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG