Достапни линкови

logo-print

Се затвара најпродаваниот весник во Велика Британија


Најпродаваниот весник во Велика Британија, таблоидот „Њуз оф ворлд“ ќе го печати своето последно издание , по скандалот со прислушкување.
Одлуката ја донел синот на Руперт Мардок , Џејмс Мардок, кој го предводи европскиот дел од Корпорацијата. Мардок рече дека одлуката за затворање на весникот кој се печати 168 години дошла по консултациите со „постарите колеги.“ Таблоидот веќе призна дека ги прислушкувал телефоните на политичарите, познати личности, и кралски помошници. Скандалот допринесе голем број на компании да ги повлечат своите реклами.
Мардок, рече дека парите од последниот број ќе одат во добротворни цели.
Премиерот Дејвид Камерон изјави дека е „вџашен“ од скандалот.
XS
SM
MD
LG