Достапни линкови

logo-print

Русија- укината забраната за патување на Немцов


Борис Немцов

Борис Немцов

Руските власти ја укинаа забраната за патување на лидерот на опозиционата партија Парнас, Борис Немцов. Во соопштението на судските власти се наведува дека прерано издале наредба на Немцов да му биде дадена забраната за патување. Чинот доаѓа откако Европскиот парламент издаде резолуција со која се повикува забраната да биде укината. Немцов кој се наоѓа во Стразбур вели дека за забраната разбрал вчера од неговиот адвокат и оти тоа било одмазда на премиерот Владимир Путин за Парнас. Министерството за правда во минатиот месец одби да ја регистрира оваа партија.
XS
SM
MD
LG