Достапни линкови

ОБСЕ бара Таџикистан да го ослободи новинарот на БиБиСи


Дуња Мијатовиќ

Дуња Мијатовиќ

Организацијата за безбедност и соработка во Европа денеска апелираше до властите во Таџикистан да го ослободат притворениот новинар на Би Би Си Урунбои Усматов. Преставничката на ОБСЕ задолжена за медиуми Дуња Мијатовиќ изјави дека се уште чека официјален одговор за случајот Усматов. Мијатовиќ на 16 јуни испрати писмо до министерот за надворешни работи на Таџикистан , во кое апсењето на новинарот го нарече обид да се цензурира известувањето за чувствителни прашања. Усматов беше уапсен на 13 јуни за наводно членство во радикална организација.
XS
SM
MD
LG