Достапни линкови

Тарчуловски префрлен во затвор во Германија


Бошковски се враќа од Хаг

Бошковски се враќа од Хаг

Јохан Тарчуловски денеска од затворот во Хаг е префрлен во германскиот затвор Диез. Taрловски и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски беа единствените македонски државјани кои беа процесуирани во Хашкиот трибунал за случувањата за време на конфликтот во Македонија во 2001 година. Судскиот совет на 12 јули 2008 го ослободи Бошкоски од обвиненијата за извршените злосторства во скопското село Љуботен, а Тарчуловски го осуди на казна затвор од 12 години.
Јохан Тарчуловски е во затворот во Шевенинген од 16 март 2005 година кога по барање на Хашкиот трибунал беше екстрадиран од Македонија во Холандија.
XS
SM
MD
LG