Достапни линкови

logo-print

НАТО „случајно “ убиле цивили во нападите во Авганистан


Силите на НАТО во Авганистан соопштија дека случајно убиле „неколу“ цивили во воздушен напад неделава, а ги истражуваат обвинувањата дека во друг воздушен напад убиле уште двајца цивили. Авганистанските власти соопштија дека во нападот што предизивка гневни улични протести загинале 11 цивили. Стотици луѓе вчера се собраа во провинцијата Газни на протест поради смртта на двајца млади овчари за кои тврдат дека биле убиени во воздушен напад на странските сили.
ИСАФ потврдува дека имало напад во таа област, но оти бил убиен само еден бунтовник додека поставувал бомба. Сепак, најавија дека ќе спроведат истрага за случајот, заедно со авганистанското Министерство за внатрешни работи. Во меѓувреме авганистанските власти велат дека и денеска во напади на НАТО се убиени 13 цивили.
XS
SM
MD
LG