Достапни линкови

Во Хрватска дводневен Самит за перспективите на регионот


Јадранка Косор, домаќин на Самитот

Јадранка Косор, домаќин на Самитот

На шестиот хрватски Самит посветен на перспективите на регионoт и ширењето на ЕУ кој утре и во сабота се одржува во Дубровник ќе учествуваат премиерите на владите во Југоисточна Европа, високи функционери на ЕУ, но не и преставници од Србија. Самитот насловен „Нова деценија за југоисточна Европа-крај на транзицијата“, ќе учествуваат премиерите на Македонија, Црна Гора, Словенија, Косово, и домаќинот Хрватска, а поради учеството на косовските преставници, премиерот на Србија нема да учествува на Самитот. На Конференцијата ќе има преставници од Албанија, Бугарија, Белгија, а ќе присуствува и комесарот за проширување на ЕУ Штефан Филе. Главна тема на конференцијата ќе бидат инвестиците, безбедноста ширењето на ЕУ во Југоисточна Европа.
XS
SM
MD
LG