Достапни линкови

ЕП повика да се укине забраната за патување на Немцов


Борис Немцов

Борис Немцов

Европскиот Парламент денеска повика да се повлече забраната за влез во Русија на Борис Немцов кој е копретседател на руската опозициона партија Парнас. Тој се наоѓа во Стразбур. Немцов изјави дека ќе се врати во Русија и покрај тоа што му било забрането да ја напушта земјата. Немцов изјави дека за забраната разбрал вчера во Стразбур од неговиот адвокат и оти тоа било одмазда на премиерот Владимир Путин за Парнас. Министерството за правда во минатиот месец одби да ја регистрира оваа партија. Од руската судска служба велат дека нема никаква забрана за патување за Немцов.
XS
SM
MD
LG