Достапни линкови

Холандија испраќа 160 војници во Авганистан


Холандија денеска ќе испрати 160 војници во Авганистан. Војниците ќе им бидат подршка на 225-те воени тренери и ќе бидат распоредени во северниот регион Кундуз. Во Авганистан има вкупно 545 холандски војници и полициски тренери кои им помагаат на НАТО силите . Таму ќе останата до 2014 година. Холандија претходно планираше бројката на нејзини војници во Авганистан да биде 1.600. Најголемиот дел од војниците беше повлечен минатата година, откако холандската влада не усвои закон да се продолжи нивната мисија.
XS
SM
MD
LG