Достапни линкови

Економската криза во Грција го стави во втор план прашањето за името, а наредниот период ќе покаже и дали ќе се случат некакви отстапки, сметаат експертите.

Големата финансиска криза во Грција го стави во втор план прашањето за името. Во моментот, грчкото лидерство има еден главен приоритет, а тоа е како да излезе од економската криза во која се наоѓаат, вели
Има промена, има нов министер за надворешни работи, но сметам дека се зависи од одлуките на самата држава за конкретното прашање.
претседателот на партијата на Македонците во Грција Виножито, Павле Васкопулoс. Дали Грција ќе направи отстапка во однос на црвените линии, ќе се види во наредниот период, вели Васкопулус.

„Треба да има одлука во длабоките институции на грчката држава за да почнат поинаку да ги гледаат работите, има промена, има нов министер за надворешни работи, но сметам дека се зависи од одлуките на самата држава за конкретното прашање.“

Павле Филипов Васкополус

Професорот по меѓународни односи, Денко Малески не гледа простор за отстапки од двете страни во однос на прашањето за името. Проблемот на името и проблемот на идентитетот, кој кулминираше со поставувањето на споменикот на Александар Македонски во Скопје, се слеани во едно, вели Малески.

„Кога македонската страна зборува за одбрана на идентитетот, ние
Кога македонската страна зборува за одбрана на идентитетот, ние мислиме на одбрана на античкиот македонски идентитет, тоа е официјалната политика на државата, за оној другиот идентитет, словенскиот идентитет, никој не ни го оспорува, но ние не го сакаме.

мислиме на одбрана на античкиот македонски идентитет, тоа е официјалната политика на државата, за оној другиот идентитет, словенскиот идентитет, никој не ни го оспорува, но ние не го сакаме.“

Васкопулус вели дека за разлика од порано кога се одржувале антимакедонски протести во Грција без да има дебата за античката историја, сега е мирно.

„Навистина Грција има страшно голем проблем со прилогодуван банкрот на една држава и страшните економски мерки, што е прв приоритет за секој грчки граѓанин, за да има сила за да реагира дури и за такво нешто како антиката.“

Поставувањето на споменикот на Александар Македонски во Скопје

Грчката страна инсистира на име со географска одредница за севкупна употреба, вели Малески и додава дека таа нема да попушти во однос на прашањето за идентитетот.

„Тоа е прашањето на културата, грчко македонскиот идентитет каков што тие го имаат замислено и направено на територијата на Егејска Македонија така што тука воопшто нема што да сметаме дека е можно попуштање.“

Со покажувањето на античката историја и симболиката која ја порачуваме, експертите не се надева на решение на спорот и во нередните четири години.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG