Достапни линкови

Бан Ки Мун: Израелските војници употребија прекумерна сила


Генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, ги обвини израелските војници за употреба на прекумерна сили кон либанските демонстранти, кои во мај се обидоа да ја поминат границата Либанските воени власти, изјавија дека седум луѓе загинале, а 111 се повредени од страна на израелските војници кога демонстрантите се обиделе да ја поминат граничната ограда на 15 мај. Бан Ки –Мун изјави дека прелиминарниот извештај подготвен од страна на Мировната мисија на ОН во Либан, исто така, покажува дека демонстрантите се однесувале провокативно и насилно со тоа што фрлале камења и молотови коктели . Израел, пак,го обвини Либан за неуспехот да ги спречи демонстрантите да се доближат до границата .
XS
SM
MD
LG