Достапни линкови

logo-print

Обама на лидерска средба поради мерките за штедење


Американскиот претседател Барак Обама денеска ќе се сретне со лидерите на републиканците и на демократите, на разговори на кои треба да се постигне договор за буџетот. Двете страни се поделени за тоа колку и од што да се скрати за да се намали буџетскиот дефицит. Договорот треба да овозможи и подигање на лимитот за задолжување на Конгресот од сегашните 14,3 билиони долари, лимит кој беше достигнат уште во мај. Ако не се случи тоа земјата може да се соочи со сериозни последици.
XS
SM
MD
LG