Достапни линкови

Протести во Авганистан против НАТО


Стотици Авганистанци излегоа на протести поради смртта на двајца овчари кои загинаа при воздушните напади на НАТО . Во главниот град на провинцијата Газни, каде што жителите ги пронашле телата на овчарите, се одржуваа протести. Демонстрантите извикуваа "Смрт за странските војници." Воздушните напади во кои жртви се цивили е причина за несогласување и меѓу авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и неговите западни поддржувачи. Според ОН годинава мај е најкрвавиот месец за цивилите во Авганистан во последните 4 години.
Во извештаите на ОН се наведува дека бунтовниците се одговорни за 80 проценти од убиствата. Во мај загинале 301 цивил.
XS
SM
MD
LG