Достапни линкови

Критика за агенцијата за кредитен рејтинг од европските политичари


Европските политичари ја критикуваат агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“, затоа што ја намали оценката за Португалија. Меѓународната агенција вчера соопшти дека го намали рејтингот на презадолжената Португалија за четири степени со напомена дека би можело да дојде до дополнително намалување. Во соопштението се наведува дека намалувањето на рејтингот укажува на се поголем ризик дека на Португалија, на која во мај и беше одобрен пакет помош од 78 милијарди евра, ќе и „биде потребен друг пакет пред да може да се врати на финансиските пазари“. Одлуката на агенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“ да се намали оценката на Портигалија е шпекулативен додатен елемент кој ја прави ситуацијата со долгот во еврозоната многу помалку јасна и транспрентна, изјави во Стразбур претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо. Тој изјави дека е спорна и избраната методологијата и датум. Баросо потсети дека овие агенции не се секогаш сигурни. По објавувањето, еврото и европските акции падна.
XS
SM
MD
LG