Достапни линкови

Италија ќе штеди на плати и службени возила


Spain -- Spanish policemen seizing Euro bills belonging to members of the Georgian mafia, undated

Spain -- Spanish policemen seizing Euro bills belonging to members of the Georgian mafia, undated

Италијанскиот министер за финансии Џулио Тремонти изјави дека намалувањето на гломазната италијанска администрација е „најреволуцинерен “ дел од предложениот тригодишен буџет кој предвидува намалување на расходи во вредност на 48 милијарди евра. Како дел од мерките за штедење е и намалување на бројот на службени автомобили од над 10 илјади на само 1 600. Платите на службениците да бидат во согласност со европскиот просек. Италијанската влада ги одобри мерките за штедење, но за да стапат во сила потребно е да ги одобри и Парламентот. Италија има буџетски дефицит од 3, 9 отсто од бруто домашниот производ што е за 0, 9 поголем од дозволениот во еврозоната.
XS
SM
MD
LG