Достапни линкови

Русија нема да ги произведе планираните ракети


Главниот дизајнер на руските интерконтинентални балистички проектили изјави дека нема да успеат да ги исполнат производствените цели за оваа година. Јуриј Соломонов, кој ги дизајнираше Топол-М и Булава ракетите, изјави дека Министерството за одбрана едвај ги доставило потребните средства.Според него Министерството се однесува неконструктиво и необјективно гледа на државните интереси. Рускиот претседател Дмитриј Медведев наредил министерот за одбрана Анатолиј Сердјуков итно да го разгледа тоа прашање.
XS
SM
MD
LG