Достапни линкови

logo-print

Иран и Ирак ќе го остават минатото зад себе


Ирак и Иран денеска ветија дека ќе ги зајакнат односите и ќе го остават минатото зад нив. Денеска преставници од двете земји потпишаа неколку договори за зајакнување на соработката во културата, технологијата, науката, комуникациите и здравството. Иранскиот потпретседател Мохамад Реза Рахими при посетата на Ирак, изјави дека неговата земја заборавила на болките од минатото. Иран и Ирак водеа војна од 1980 до 1988 војна во која околу 1 милион луѓе беа убиени. Ирачкиот премиер Нури ал-Малики, на своите гости им рекол дека билатералните односи треба да се подобрат уште повеќе, и повикал иранските компании да инвестираат во Ирак
XS
SM
MD
LG