Достапни линкови

Полска не му придава големо значење на Западен Балкан


Од преземањето на претседателството

Од преземањето на претседателството

Полска во денешното официјално преставување на својата програма пред Европскиот парламент , искажа само општи заложби за проширување. Западен Балкан, а со тоа и Македонија останаа на маргините на приоритетите. Полскиот премиер Доналд Туск истакна дека Европа мора да го продолжи процесот на интеграции и отворање кон соседите и во таа смисла Варшава ќе стори се во текот на наредните шест месеци да се потпише пристапниот договор со Хрватска и да се забрзаат интеграциите на останатите држави од Западен Балкан, но Македонија воопшто не беше спомената. Претседателот на ЕК,Жозе Баросо, и покрај тоа што Полска не му придава големо значење на Балканот, Баросо очекува наредните шест месеци да дадат позитивни резултати. Полска ја носи токму таа позитивна порака за иднината на Европа велејќи дека проширена Европа треба да биде продлабочена, дека проширувањето не е во спротивност со продлабочувањето на ЕУ, изјави Баросо. За да им тргне со претседателството Туск донесе свежи јагоди, за да се почестат пред да ја престават програмата.
XS
SM
MD
LG