Достапни линкови

Тадиќ се заложи за подобри односи со БиХ


Тадиќ со членовите на претседателството на БиХ

Тадиќ со членовите на претседателството на БиХ

Српскиот претседател Борис Тадиќ се заложи за подобрување на односите со Босна и Херцеговина, при денешната посета на Сараево. Ова е негова прва официјална посета на БиХ. Тој рече дека неговата земја сака да изгради многу блиски , пријателски односи со Босна во духот на целосна соработка. Србија веќе обезбеди и во иднина ќе ја обезбедува сета потребна помош на судството, и ќе помогне во екстрадицијата на сите луѓе осомничени за воени злосторства. Очекуваме дека за процесите за воени злосторства институциите ќе обезбедaт праведно и фер судење, изјави Тадиќ. Односите меѓу двете земји се затегнаа по војната во БиХ од 1992 до1995 војна, кога Белград ги поддржаа босанските Срби. По војната земјата се подели на две полу-автономни ентитети, Република Српска и муслиманско-хрватската федерација.
XS
SM
MD
LG