Достапни линкови

Уште 30 дена притвор за Љубе Бошкоски


Љубе Бошковски

Љубе Бошковски

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска му го продолжи притворот на поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски за уште 30 дена. Притворот на Бошкоски му е продолжен по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз истрагата и можност да го повтори делото.
Бошкоски беше уапсен пред еден месец. Се сомничи за злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања и злоупотреба на службената положба
XS
SM
MD
LG