Достапни линкови

logo-print

БиХ-11 јули прогласен за Ден на жалост


Меморијалниот центар Поторачи на жртвите од Сребреница

Меморијалниот центар Поторачи на жртвите од Сребреница

Владата на Босна и Херцеговина одлучи 11 јули Денот на сеќавањето на Сребреница да го прогласи за Ден на жалост. На тој ден знамињата пред институциите ќе се спуштат на пола јарбол, нема да има културни и забавни јавни настани, медиумите треба да имаат прикладна програма. На 11 јули 1995-та припадниците на војската на Република Српска под команда на Ратко Младиќ , убиле повеќе д 8.000 Бошњаци во Сребреница. Меѓународниот суд во Хаг пред 4 години злосторствата во Сребреница ги прогласи за геноцид.
XS
SM
MD
LG