Достапни линкови

Нетенјаху во Европа лобира против палестинската држава


Бенјамин Нетанјаху

Бенјамин Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска пристигна во Романија во за да лобира да не се признае палестинска држава во ОН. Откако мировните преговори повеќе од две години се во ќор-сокак , Палестинците планираат да побара од ОН да ја признаат нивната независност во септември. Овој потег ќе биде симболичен но Палестинците се надеваат дека тоа ќе значи притисок врз Израел да се повлече од заробените територии. Нетанјаху веќе ги посети Велика Британија и Франција, а утре ќе ја посети Бугарија. Европската унија работи да изгради заеднички став по ова прашање, затоа што земјите членки на ЕУ се поделени околу палестинска држава. Франција соопшти дека ќе го поддржи признавање ако преговорите меѓу Израел и Палестинците не се рестартираат до септември, додека Германија и Италија, најверојатно, ќе се противат на тоа.
XS
SM
MD
LG