Достапни линкови

Грчката криза и македонската економија


Од протестите во Грција

Од протестите во Грција

Грчката криза влијае, но нема многу да ја погоди македонската економија. Засега регистриран намален извоз, а не се очекуваат ниту нови инвестиции.

Финансиската криза во Грција влијае на македонската економија, но не може многу да „ја удри“, велат стопанствениците и економистите со кои разговаравме. Бизнисменот Мирче Чекреџи од Сојузот на стопански комори вели дека економската криза во Грција се одразува на трговската размена, односно трета година по ред се намалува извозот кон јужниот сосед.

„Нови инвестиции најверојатно од грчка страна ќе се намалат, други
Нови инвестиции најверојатно од грчка страна ќе се намалат, други последици нема. Веќе постојните инвестиции ќе си работат нормално, тие се македонски претпријатија, иако се во грчка сопственост, и на нив влијае економската состојба на нашата земја.
последици нема. Веќе постојните инвестиции ќе си работат нормално, тие се македонски претпријатија, иако се во грчка сопственост, и на нив влијае економската состојба на нашата земја.“

Новинските агенции вчера пренесоа информација дека поради економската криза во Грција, голем број грчки компании ги преселуваат своите бизниси во Бугарија, а во изминатите две години бројот на новоформирани претпријатија со грчки капитал е значително зголемен. Според тие податоци, во Бугарија се регистрирани околу 800 компании со грчки капитал во кои има вкупно 82.000 вработени. Како главни причини за селењето на грчките фирми во Бугарија се наведуваат најниската даночна стапка во ЕУ, поевтината работна сила во споредба со останатите земји-членки, макроекономската стабилност, добрите транспортни услуги и евтините недвижности и наемнини. Го прашавме Чекреџи дали и Македонија може на сличен начин да „профитира“ од кризата во Грција.


„Секако би профитирале доколку добиеме датум за преговори. Значи кога ќе стане извесно нашето влегување во ЕУ нагло ќе се зголеми бројот на грчките инвеститори. До тој момент, грчките инвеститори не сакаат многу да ризикуваат бидејќи политичкиот ризик во економијата е непредивидлив и капиталот бара изесна економска околина.“

Економскиот аналитичар Владимир Глигоров се согласува дека членството на Бугарија во ЕУ е предност. Но, ако Грција банкротира, тоа веројатно ќе има негативни последици за сите, вели тој.
Ниту Стопанска, ниту Алфа Банка не се потпираат на ликвидност од матичните банки, а ниту пак имаат можност да се изложуваат кон матичните банки поради законските рестрикции кои постојат во Македонија.

„Тоа би имало сериозни последици и за нивниот реален сектор и тешко е да се предвиди што би се случило во тој момент, веројатно тие последици би биле негативни дури и за тие што сега се селат во Бугарија.“

Глигоров ја посочува опасноста по банкарскиот сектор во Македонија, пред се по банките кои се во грчка сопственост. Сепак, гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, пред две недели изјави дека банкарскиот сектор во земјава е стабилен.

„Ниту Стопанска, ниту Алфа Банка не се потпираат на ликвидност од матичните банки, а ниту пак имаат можност да се изложуваат кон матичните банки поради законските рестрикции кои постојат во Македонија, тој минимум е 10% од сопствените средства кој лимит можат да се изложат кон матичните банки, меѓутоа ние го следиме внимателно тоа и во моментов тие се и многу помалку изложени.“

Економистите коментираат дека е нелогично грчките фирми од Македонија да го вратат бизнисот во матичната држава зашто таму даноците се повисоки.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG