Достапни линкови

Амнести бара сириските сили да бидат обвинети за злосторство


Сирија - протести

Сирија - протести

Амнести Интернешенел денеска објави извештај во кој се наведува дека сириските сили би можеле да бидат обвинети нза криминал против човештвото и пабара од Обединетите Нации да покрене случај пред Меѓународниот Суд.
Овој извештај и барање доаѓа по повикот на Париз до Обединетите Нации да интервенираат во Сирија, бидејки светот не треба да остане не активен и не моќен на репресијата на режимот во Дамаск.
Извештајот на Амнести е базиран врз сведоштва на сириските бегалци за насилството на властите врз жителите и демонстрантите кои бараат реформи во Сирија. Според сириски активисти, во досегашните насилства се убиени најмалку 1400 лица.
XS
SM
MD
LG