Достапни линкови

Турција изрази надеж за брзо решение на либанската криза


Турција се надева дека западните и арапските влади кои работат со либиските бунтовници ќе можат да создадат рамка за политичко решение до следниот месец, со цел побрзо ставање крај на конфликтот во Либија, изјави турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу во Анкара, по средбата со лидерот на либиските бунтовници Махмуд Џибрил. Рамазанските пости започнуваат во август. Истанбул ќе биде домаќин на средбата на контакт групата за Либија на 15 јули, на која ќе учествуваат западни и арапски министри за надворешни работи, како и водачи на либискиот бунтовнички Преоден национален совет.
Како подготовка на оваа средба Давутоглу во Анкара се сретна со лидерот на либиските бунтовници Махмуд Џибрил, пратеникот на Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун во Либија Абдел Илах ал Хатиб и министерот за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеик Абдула бин Саид ал Нахан.
XS
SM
MD
LG