Достапни линкови

Психо тестови за идните судии и јавни обвинители на Македонија


Во Академијата за судии и јавни обвинители денеска и утре ќе биде одржано пробно психолошко тестирање за кандидатите за судии и јавни обвинители кои ја завршиле почетната обука, слушателите на почетната обука во Академијата, како и дел од стручните соработници од основните судови во Скопје.
Како што информираат од Академијата денеска ќе се спроведе писменото тестирање, додека утре ќе се изврши интервју со кандидатите кои го полагале пробниот психолошки тест.
Пробното психолошко тестирање ќе го спроведе Франк Ван Лујик, експерт од Консултантската компанија која ги дизајнираше тестовите и која е врвна компанија со долгогодишно искуство во дизајнирање и спроведување на психолошки тестови за правосудството во Кралството Холандија. Со новиот Закон за Академија за судии и јавни обвинители како дел од приемниот испит во Академијата, предвидено е полагање на психолошки тест кој ќе се спроведе врз основа на меѓународно признати психолошки тестови за вршење на функцијата судија или јавен обвинител.
XS
SM
MD
LG