Достапни линкови

Српскиот претседател Тадиќ во посета на БиХ


Борис Тадиќ

Борис Тадиќ

Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска ќе престојува во прва официјална посета на БиХ, во чии рамки со официјалните претставници на оваа земја ќе разговара за соработката меѓу двете држави и за нивните европски интеграции. Тадиќ во Сараево ќе се сретне со претседавачот на Претседателството на БиХ Небојша Радмановиќ и со членовите на ова тело Бакир Изетбеговиќ и Жељко Комшиќ, а предвиден е и состанок на делегации на двете земји. Српскиот претседател ќе има средби и со претставници на парламентот и Советот на министри на БиХ.
XS
SM
MD
LG