Достапни линкови

САД бараат Сирија да ги прекине нападите врз демонстрантите


Антивладини протести во Хама

Антивладини протести во Хама

САД вчера побараа од сириските сили да го напуштат градот Хама и режимот да ја прекине „кампањата на апсење“. Портпаролката на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека Вашингтон е загрижен поради продолжувањето на нападите врз мирните демонстранти во Сирија.
Претходно, организација за одбрана на човековите права соопшти дека силите за безбедност вчера во Хама убиле 14 лица, а повеќе од 30 биле повредени.
XS
SM
MD
LG