Достапни линкови

Пресуда за бродската несреќа на „Илинден“


Сотир Филевски, капетан на бродот „Илинден“
Сотир Филевски, капетан на бродот „Илинден“

По една година затвор добија капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески, и овластениот претставник на германски „Лојд“, Бранко Бајиќ, за бродската несреќа во која загинаа 15 бугарски туристи.

По една година затвор како виновни за предизвикување тешки дела против луѓето и имотот во сообракајот, заработија капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филевски, и овластениот претставник на германски „Лојд“, Бранко Бајиќ, во судскиот процес што во Охрид се водеше за бродската несреќа во која на 5-ти септември 2009-та во водите на
За натамошните чекори мора да се консултирам со моите адвокати Јас кажав уште на почетокот, не се чувствувам за виновен.
Охридското Езеро над кампот Елешец при потонување, животите ги загубија 15 туристи од Бугарија. По околу 7 месеци од почетокот на судењето и точно 19 месеци по трагедијата, за одговорни за најголемата бродска несреќа кај нас судот ги прогласи младиот капетан, сопственик на бродот кој управувал со Илинден и претставникот на Лојд, што го издал сертификатот за пловидба на бродот, Српскиот државјанин, кој никогаш не се појави на судењето и му се судеше во отсуство.

Капетанот на бродот Сотир Филевски

„За натамошните чекори мора да се консултирам со моите адвокати Јас кажав уште на почетокот, не се чувствувам за виновен“, кратко коментираше по пресудата капетанот Филевски.

Според пресудата, тој ги прекршил законот и прописите за внатрешна пловидба, не го одржувал соодветно системот за управување, критичниот ден на бродот имало повеќе патници од дозволеното, кои не биле правилно распоредени, дел од нив биле сместени на дополнително изградена горна палуба, на која не смеело да се превезуваат патници, а бродот немал и соодветен екипаж.
Не сме задоволни од одлуката, бидејќи без оглед што казната на прв поглед е ниска, од наш аспект изгледа како пресудата да е компромис меѓу изведените докази и некоја намера, или желба сепак да се изрече осудителна пресуда и за второ обвинетиот Бранко Бајиќ.
По бродоломот, Филевски беше во притвор три месеци, а потоа изјави дека жали за загубените животи и трагедијата, во која порачуваше дека ќе било подобро тој да загинел.

„Не сме задоволни од одлуката, бидејќи без оглед што казната на прв поглед е ниска, од наш аспект изгледа како пресудата да е компромис меѓу изведените докази и некоја намера, или желба сепак да се изрече осудителна пресуда и за второобвинетиот Бранко Бајиќ“, вели Славко Котески, адвокат на Бајиќ.

Неговиот клиент е прогласен за виновен затоа што издал сертификат за техничка исправност на бродот Илинден и покрај неговите технички недостатоци, а не изрекол забрана за употреба на надградбата на пловниот објект, како и ограничување за бројот на патниците кои можеле да се превезуваат.

Бродот „Илинден“ потона во водите на Охридското езеро во 2009 година

„За оштетните побарувања ќе може да се зборува откако ќе добиеме писмена одлука, додека тоа не биде, не би можеле да се произнесеме во ниту еден дел на самата пресуда, како и за наводите во неа“, вели Мартин Петров, адвокат на семејствата на загинатите бугарски туристи.

Тој не ја прецизира висината на обесштетувањето, што ќе го бараат и семејствата на преживеаните Бугари, чија одбрана претходно побара условна казна за капетанот Филевски, бидејќи тој со својата хуманост, пожртвуваност и присебност спасил многу животи, спречувајќи трагедијата да биде поголема.

Остана отворено прашањето за одговорноста на државните служби и органи и Министерството за транспорт и врски, задолжено за следење и контрола на езерската пловидба, на Охридската капетанија каде до неодамна немаше адекватен инспектор, дали и како ја следела и контролирала пловидбата на објектите, како изминативе години се проверувала исправноста на бродовите, зошто до пред несреќата изостанувале појасите за спасување и каква е сега безбедноста на капачите и патниците во езерскиот сообраќај на Охридското Езеро. Охрид во неколку наврати им оддаде почит на загинатите Бугари.
XS
SM
MD
LG