Достапни линкови

logo-print

„Мајки од Сребреница“ ја поздравија пресудата на холандскиот суд


Меморијалниот центар Поторачи во Сребреница

Меморијалниот центар Поторачи во Сребреница

Здружението„Мајки од Сребреница“, ја поздравија пресудата на холандскиот суд за одговорност на Холандија за смртта на тројца босански муслимани за време на масакрот во Сребреница во 1995 година. Тие изразија надеж дека таа судска одлука може да го олесни прифаќањето заедничка тужба од 7,600 луѓе. Таа пресуда е нешто многу добро. Открива пат за тоа холандската држава да биде осудена за случувањето во Сребреница и од други жртви, изјави Сабахета Фејзиќ, претставник на здружението. Судот одлучи дека Холандија е виновна за смртта тројца мажи бидејќи холандски војници од ОН не требало да ги предадат на српските сили, изјави портпаролка на судот во Хаг.
XS
SM
MD
LG