Достапни линкови

Хрватска демантира дека барала екстрадиција на Жолт Хернади


Поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер

Поранешниот премиер на Хрватска Иво Санадер

Државното Обивинителство на Хрватска ги дематираше денеска попладне информациите за наводно барање за екстрадикција на извршниот директор на унгарската нафтена компанија МОЛ, Жолт Хернади поради обвинение за подмитување, како што денеска тврдеше унгарскиот дневен весник „Непсабадшаг“.Директорот за комуникации на компанијата МОЛ, Андреа Панцел претходно изјави дека ниту МОЛ ниту Хернади не примиле официлјално известување за барањата на хрватските власти. Хернади на 21 јуни ги отфрли тврдењата на хрватските медиуми, кои го обвинија дека го подмитил поранешниот хрватски премиер Иво Санадер за да и дозволил МОЛ да ја превземе хрватската компанија ИНА. Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека не го смета ова прашање како меѓународно прашање и дека на правосудните органи е тоа ги разјасни обвинувањата.
XS
SM
MD
LG