Достапни линкови

Во Битола, кој е меѓу градовите со надолга библиотекарска традиција на Балканот, е отворена првата изложба на стари раритетни книги во земјава.

Битола е меѓу градовите со најдолга библиотекарска традиција на Балканот. Директорот на битолската библиотеката Науме Ѓоргиевски вели дека почетоците датираат од античко време, а денес установата брои над 500.000 библиотечни единици.
За време на осмалиското владеење првата османлиска библиотека на Балканот била отворена токму во Битола во 1434
година.

„Најпрво треба да се спомене еден надгробен споменик на некој библиотекар од древниот град Хераклеа, податок од ранохристијанскиот период на градот. Научниците сметаат дека библиотеката се наоѓала во една од просториите на епископската базилика. Подоцна во манастирите се создавале мансатирските библиотеки. За време на осмалиското владеење првата османлиска библиотека на Балканот била отворена токму во Битола во 1434 година, а и првото читалиште во осмалниското време на Балканот било отворено во Битола пред 151 година“, вели Ѓоргиевски.

После ваквата долга и богата традиција не е чудо што во битолската библиотека е отворена првата изложба во Македонија на стари раритетни книги. Се работи за стотина примероци претежно напишани на француски, англиски, бугарски, грчки и македонски јазик. Меѓу најстарите во збирката се „Мисал по закону римског двора“ од 1483 година, Добромирово
Ова беше фрлено во буквална смисла низ визбите на библиотеката, сето го собравме и му даваме можност на посетителите да го видат.
евангелие од 12 век, „Огледало“ од Кирил Пејчиновиќ од 1816 година, „Книга за Илија Коларац“ од 1896 година, посветена на еден од најголемите помагачи на книжевноста на Балканот во 19 век и други.

„Се работи за стари книги, странски и првите македонски книги од 1945 година па наваму. Весници од 1927 година, па наваму. Ова беше фрлено во буквална смисла низ визбите на библиотеката, сето го собравме и му даваме можност на посетителите да го видат“, вели директорот.

Библиотеката располага и со две стари и значајни печатарски машини. На едната бил испечатен вториот број на весникот „Нова Македонија“, а на другата материјалите за АСНОМ.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG