Достапни линкови

Балкански фолклорен фестивал во Охрид


Балканскиот фестивал на народни песни и ора во Охрид
Балканскиот фестивал на народни песни и ора во Охрид

Во Охрид започнува 50-то јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

50-тото јубилејно издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, што во Охрид ќе се одржи од 6 до 11 јули, годинава ќе биде во знакот на професионалните ансамбли „Танец“ од Македонија, „Коло“ од Србија и „Филип Кутев“ од Бугарија, кои освен на свеченото отворање, ќе настапат и со целовечерни концерти. Со изведбите и на ансамблите од Косово, Словачка, Романија, Хрватска, Турција, Црна Гора и земјава, фестивалот со кој пет децении се слави фолклорот, мелосот и играта во Охрид ќе го има традиционалното балканско обележје, со што тој почна во 1962 година, како фестивал на аматерски ансамбли, во 1968 го добива
Фестивалот е интернационален, уште од самиот почеток. Прва гостинка која дошла надвор од балканските простори била од
Англија.

денешното име.

„Фестивалот е интернационален, уште од самиот почеток. Прва гостинка која дошла надвор од балканските простори била од Англија, потоа Холандија, фестивалот го отвори својот дух и се проширил надвор од Балканските простори, добивајќи меѓународен карактер. Прво бил замислен да делува во тогашните југословенски простори, па се шири од Балканот и многу бргу на него почнуваат да доаѓаат учесници од целиот свет, да се интересираат, дури и од далечни егзотични земји и други континенти, со што тој станува познат и по атрактивни настапи на фолклористи од многу далечни простори. Тоа се должи и на местоположбата на фестивалот кај што се одржува, на привлечноста на Охрид и езерото, учесниците ги пренесуваат убавите впечатоци, како и на традициионалните норми што тој ги поставува и условите кои им ги нуди на учесниците кои ќе дојдат“, вели Драгана Боцеска, директорка на центарот за култура во Охрид.

Охрид од птичја перспектива.

Центарот, со Министерството за култура, под покровителство на парламентот, го организира фестивалот, на кој досега продефилирале 50-тина илјади фолклористи со ревијални концерти, кои се дружат и се враќаат пак тука.

„Фестивалот го задржува високото ниво, што треба да го има за да биде членка на меѓународните асоцијации ЦИОФ и ИОФ, каде можат да членуваат фестивали на кои учесниците им нудат сместување и храна, а не само простор за игра. Тие што учествуваат пак мораат да автентичен начин да го презентираат
Тие што учествуваат пак мораат да автентичен начин да го презентираат фолклорот со смислени кореографии, но да нема многу импровизирање, да не се бега од тоа што е традиционално.

фолклорот со смислени кореографии, но да нема многу импровизирање, да не се бега од тоа што е традиционално, од тоа што е останато во народот како фолклор којшто се пренесува од колено на колено“, вели Боцевска.

Со Балканскиот фестивал, со децении се означува почетокот на културното лето во Охрид, што е вистинска атракција за странските туристи, кои со домашните и граѓаните бесплатно на летната сцена „Долни Сарај“, уживаат во фолклорните вечери. Традиционално, ансамблите на отворањето дефилираат низ охридската чаршија, а фестивалот ќе биде проследен и со етнографска изложба на народни носии и уметнички дела на земјите учеснички на оваа манифестација.
XS
SM
MD
LG