Достапни линкови

Македонија и Србија работат на Договор за екстрадиција


 Министерот за правда Михајло Маневски

Министерот за правда Михајло Маневски

Министерствата за правда на Македонија и на Србија работат на усогласување на деталите за потпишување на билатерален договор за екстрадиција на сопствените државјани. Договорот треба да овозможи поефикасна борба против организираниот криминал, корупцијата и перењето пари. Министерството веќе има потпишано договор за екстрадиција со Хрватска, а во текот на неделава ќе почнат преговори и со работни групи од Црна Гора. Покрај договорот за екстрадиција, Македонија и Србија подготвуваат и договор за меѓусебно извршување судски одлуки, кој треба да овозможи македонски државјани осудени во Србија да можат да ја издржуваат казната во Македонија и обратно, како и договор за правна помош во граѓанските и кривичните предмети
XS
SM
MD
LG