Достапни линкови

logo-print

Германија ќе даде над 5 милијарди евра за Грција


Германија ќе обезбеди над 5 милијарди евра за петтата транша од кредитот за Грција, чија вкупна сума изнесува 12 милијарди евра. Вкупната сума се обезбедува во најголем дел од земјите членки на ЕУ и околку 3 милијарди евра од ММФ. Во досегашните четири транши Германија вкупно дала 8, 4 милијарди евра. При секоја транша износите кои се доделуваат на Грција се различни и се определуваат според неопходните средствата кои се потребни за итно рефинансирањe. Петтата транша е дел од генералниот план за спас на Грција, изработен од ЕУ и ММФ во мај 2010 година, според кој се предвидува за три години Грција да добие кредит во висина од 110 милијарди евра. Околу 80 милијарди од оваа сума треба да обезбедат европските земји, а од нив Германија ќе обезбеди околу 22 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG