Достапни линкови

logo-print

Партиско-финансиските интереси ги „закочија“ преговорите за распределба на владините ресори меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

За тендерите се работи, а не за Европа, коментира аналитичарот Ким Мехмети за распределбата на функции меѓу старо-новите коалициски партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Иако, албанскиот партнер во власта, ДУИ, долго време јавно инсистираше дека евроинтеграциите се нивен приоритет, се чини дека токму тој ресор помина без никакви проблеми во „коалицискиот пазар“. ВМРО-ДПМНЕ им го препушти на ДУИ
Партија што е заинтересирана и основен интерес и е интересот за државата, нема да се пазари толку за тие некои сфери коишто се многу понезначајни, но од друга страна има тендери.

вицепремиерското место за евроинтеграции, а преговорите меѓу партнерите запнаа на третиот ешалон и тоа во безбедносните и финансиските ресори. Според неофицијалните информации, ДУИ бара да ја добие или Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање или Бирото за јавна безбедност и од друга страна, да им припадне или Царината или Управата за јавни приходи.

Сите македонски партии го ставаат интересот на партијата пред интересот на државата, дециден е аналитичарот Ким Мехмети.

„Тие многу полесно одбиваат некои министерства, некои ресори коишто се поврзани за интересот на државата каде што партијата нема некоја голема полза и тука и двете се однесуваат исто и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. И ВМРО-ДПМНЕ не попушта за тие позиции каде што има тендери, а ДУИ инсистира токму за тие позиции. Партија што е заинтересирана и основен интерес и е интересот за државата, нема да се пазари толку за тие некои сфери коишто се многу понезначајни, но од друга страна има тендери.“

За тендерите се работи, а не за Европа, коментира Ким Мехмети.

Политикологот Владимир Божиновски вели дека со добивањето на Секретаријатот за евроинтеграции, ДУИ добива шанса да покаже колку навистина им се битни евроинтеграциите. Сепак, тој не е изненаден од барањата на ДУИ за безбедносните и финансиски сектори, зашто, како што вели, тие секогаш покажувале интерес за нив. Божиновски не се согласува со тезата дека Секретаријатот за евроинтеграции во овој момент не е премногу битен сектор, зашто зачленувањето во ЕУ е директно условено со решавањето на со спорот за името. Реформите што ги бара
Aко нема реформи и кога ќе се затвори прашањето за името ќе биде многу потешко, односно многу подолготрајно самото официјално преговарање со ЕУ.

Унијата мора да продолжат без разлика на спорот за името, дециден е Божиновски.

„Многу побрзо можат да се затворат поглавјата кои што треба да се испреговараат доколку самите реформи продолжат, за да кога ќе започнат и официјалните преговори многу побрзо да бидат затворани, затоа што ако нема реформи и кога ќе се затвори прашањето за името ќе биде многу потешко, односно многу подолготрајно самото официјално преговарање со ЕУ.“

Дел од медиумите објавија дека Горан Трајковски дал оставка на пратеничката функција и останува директор на УЈП.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG