Достапни линкови

Медиумска (не)моќ


Од вчерашните протести на новинарите

Од вчерашните протести на новинарите

Додека новинарите протестираа, пристигнаа нови откази. Затворањето на критички настроените медиуми е на штета на демократијата, предупредува ОБСЕ.

Независниот сидникат на новинари и медиумски работници е запрепастен од решението за нови отпуштања во Медиа Принт Македонија. Образложението кое го добија тројцата новоотпуштени новинари е идентично со она на претходните две новинарки, а тоа е „кршење на работната дисциплина“. И во двата случаи, отказните решениа се врачени
Отказите за нашите колеги новинари нема да не деморализираат и нема да дозволиме да се уништи синдикализмот и синдикалниот активизам уште на самиот почеток од неговото раѓање.
по протест на новинари. Претседателката на Синдикатот Тамара Чаусидис вели дека кога стотици новинари беа на протест за солидарност, МПМ одговори со нови откази.

„Навистина не ми останува ништо друго освен да констатираме двоен морал на компанијата која прва го започна дијалогот со Синдикатот за сега да го напушти и да ги уништи релациите на коректност. Отказите за нашите колеги новинари нема да не деморализираат и нема да дозволиме да се уништи синдикализмот и синдикалниот активизам уште на самиот почеток од неговото раѓање.“


Дека состојбата со медиумите е лоша покажува и жестоката реакција на Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми, Дуња Мијатовиќ. Во писмената изјава таа вели дека е загрижена за отпуштањата на новинарите и непечатењето на трите весници. Мијатовиќ ја повикува земјата
да се придржува до владеење на правото во решавањето на овие случаи.

„Непечатењето на весниците „Време“, „Шпиц “ и „Коха е ре“ е вознемирувачки развој кој практично ги елиминира плурализмот и
Непечатењето на весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ е вознемирувачки развој кој практично ги елиминира плурализмот и опозициските погледи во медиумите
преку ноќ.
опозициските погледи во медиумите преку ноќ. Покрај тоа и А1 телевизија која исто така се соочува со даночни проблеми може да престане да работи за неколку недели“, вели Мијатовиќ.

Таа ја повика Управата за јавни приходи да покаже максимална транспарентност во пресметувањето на даночниот долг за Плус Продукција, фирмата што ги издава трите весници на Перо Наков, и да и овозможи на фирмата со разумен план да го отплати долгот, план со кој нема да им попречи во работата на медиумите. Мијатовиќ ги потсети надлежните органи дека медиумскиот плурализам е предуслов за борба против корупција и го поттикнува процесот на демократизација на земјата. Таа смета дека затварањето на критички настроените медиуми никогаш не води кон политичка и економска стабилизација, туку кон стагнација и губење на на довербата во Владите и политичарите.



Комуникологот Климе Бабунски вели дека проблемите со медиумската сфера во земјава мора да се гледаат од аспект на внатрешните случувања.

„Проблемите со А1 всушност сега се испречуваат и на сите оние што малку се информирани им е јасно дека всушност незаконското работење било толерирано години наназад. Од друга страна, имаме случаи, постојат
Ќе не воведе во нешто што постоеше пред 20-тина години во време на цврстиот еднопартисиски систем кога секој што мислеше поинаку беше замолучуван преку разни притисоци и сега проблемот е на кого тоа му одговора и на кого му треба ваков развој на настаните.
индикации, дека редица други медиуми работат на истиот начин, но ништо не им се случува.“

Бабунски додава дека, од друга страна, управата на МПМ постојано зборуваше јавно дека весникот „Утрински“ со години работи со загуби. Сега таа сметка не треба да ја плаќаат новинарите, затоа што тие не се одговорни за рекламите кои доаѓаат во весникот туку менаџментот на трите весници, вели тој.

Бабунски вели дека не очекува крајно изместена медиумска сцена која ќе не врати 20 години назад.

„Ќе не воведе во нешто што постоеше пред 20-тина години во време на цврстиот еднопартиски систем кога секој што мислеше поинаку беше замолучуван преку разни притисоци и сега проблемот е на кого тоа му одговора и на кого му треба ваков развој на настаните.“

Тој додава дека ова не е тапкање во место туку сериозно враќање назад и Владата со ова може само да загуби.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG