Достапни линкови

logo-print

Хрватска бара екстрадиција на директорот на МОЛ


Хрватска испрати барање за екстрадиција на извршниот директор на унгарската нафтената компанија МОЛ Жолт Хернади поради обвиние за корупција. Но од МОЛ велат дека не добиле официјално барање од хрватските власти. Хрватските власти понудија можност Хернади да се сослушува во Унгарија и се подготвени се да ги проследат доказите со кои располагаат. Хернади на 21 јуни ги отфрли тврдењата на хрватските медиуми, дека му давал поткуп на поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, со цел да му дозволи на МОЛ да ја преземе хрватската нафтена компанија ИНА. Според претходните написи во хрватскиот печат, Канцеларијата започна истрага против Санадер и Хернади поради 10 милиони евра поткуп.
XS
SM
MD
LG