Достапни линкови

Холандија одговорна за смртта на три лица од Сребреница


Холандски војници со Ратко Младиќ кај Сребреница јули 1995

Холандски војници со Ратко Младиќ кај Сребреница јули 1995

Холандската држава е одговорна за смртта на тројца муслимани по падот на Сребреница за време на војната во Босна, реши денеска холандскиот апелационен суд.

„Холандија е одговорна за смртта на тројцата мажи, бидејќи холандските војници од мисијата на ОН не требале да се предадат“, изјави портпарол на судот во Хаг.

Холандските мировници беа одговорни за Сребреница која беше прогласена за безбедна зона од страна на Обединетите нации. Но, во јули 1995 година, силите на босанските Срби ја презедоа енклавата по што убија околу 8.000 муслимани.
XS
SM
MD
LG