Достапни линкови

Питреус: поместување на борбите во Авганистан


Дејвид Питреус

Дејвид Питреус

Командантот на американските и на НАТО силите во Авганистан генерал Дејвид Питреус кој е на заминување од таа функција изјави дека во нареднививе месеци се очекува поместување на тежиштето на борбите во таа земја. Питреус кој на 18 јули ја презема функцијата директор на ЦИА прецизира дека борбите кои сега се водат на југот на Авганистан каде што се талибанските упоришта ќе бидат преместени на исток, односно на границата со Пакистан која била слабо контролирана. Затоа, како што додаде, во наредниот период таму ќе бидат испратени дополнителни специјални и разузнавачки сили. Заминувањето на Питреус од Авганистан доаѓа во моментот кога Соединетите држави го почнуваат 15 месечното повлекување на околу 33 илјади војници.
XS
SM
MD
LG